ВЕСЕЛО И СЛАВЕНИШКИ Е ВО НОВИ САД

„Надежите" „билдаат" атмосфера за Србија (ФОТО)

На ден пред натпреварот против репрезентацијата на Србија, Македонската репрезентација до 21. година сконцентрирано но и релаксирано во исто време го чека тиа важни 90 минути.

објавено: 6 септември 2018 - 12:00

На ден пред натпреварот против репрезентацијата на Србија, Македонската репрезентација до 21. година сконцентрирано но и релаксирано во исто време го чека тиа важни 90 минути.

Србите се фаворити, но ние сакаме да ги изненадиме. Избраниците на Добринко Илиевски се веќе втор ден во Нови Сад, а таму покрај тренинзите најдоа време и за релаксирана прошетка, но и за прослава на роденденот на Ристе Јанков нашиот голман кој полни 20. години.

Од нашиот табор велат дека имаат желба и мотив да се прикажат во најдобро светло, а дали тоа ќе го сторат останува да видиме.

Новата генерација, потпомогната од неколку „староседелци" е на потег и ќе видиме како ќе се прикаже против првопласираната селекција во групата.

Најново во Фудбал