НЕКА БИДЕ ПОБЕДНИЧКА АТМОСФЕРАТА И ВО ПЕТОК

На последното гостување во Вадуц стрелци беа Николов и Несторовски (ВИДЕО)

Досега овие две репрезентации се сретнале осум пати, далеку поуспешна е Македонија со учинок од седум победи и само едно реми.

објавено: 14 ноември 2018 - 16:30

Највисоката победа беше остварена во квалификациите за Светското првенство 1998 кога во Ешен беше декласиран Лихтенштајн со резултат 1:11.

На последниот дуел одигран годинава во новото УЕФА натпреварување за пласман на Европското првенство 2020 година, на Националната Арена „Филип Втори" - Скопје славевме со 4:1. Стрелци на головите беа Пандев, Алиоски и двапати Трајковски.

На 24 март 2017 година, во меч од квалификациите за СП во Русија 2018 година, тоа беше наше последно гостување во Лихтенштајн, токму Николов ја отвори серијата на голови. Ние победивме со 3:0 а првиот гол беше дело на Николов во 43.минута. Останатите два гола пак ги постигна Илија Несторовски.

Досегашни меѓусебни натпревари меѓу Лихтенштајн и Македонија:

Квалификации за СП 1998

Македонија-Лихтенштајн 3:0
Лихтенштајн-Македонија 1:11

Квалификации за ЕП 2004

Македонија-Лихтенштајн 3:1
Лихтенштајн-Македонија 1:1

Квалификации за СП 2018

Македонија-Лихтенштајн 4:0
Лихтенштајн-Македонија 0:3

Пријателски натпревар 2005

Лихтенштајн-Македонија 1:2

УЕФА Лига на Нации 2018

Македонија-Лихтенштајн 4:1

Најново во Фудбал