ИСКЛУЧИТЕЛНО ВАЖНО Е ДА ОТВОРИМЕ СО ПОБЕДА

Муслиу: Нема лесни мечеви, така и ќе се однесуваме со Гибралтар!

Македонската А репрезентација попладне во Гибралтар го одработи првиот од трите тренинзи на „Викторија стадионот" каде в четврток против домашната селекција ги отвораме натпреварите од УЕФА Лига на Нации.

објавено: 3 септември 2018 - 21:27

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски заедно со комплетниот состав реализираше едночасовен тренинг по пристигнувањето во Гибралтар.

Дефанзивецот Висар Муслиу вели дека ова натпреварување е наша голема шанса и треба да сториме се за да го оствариме сонот и да се пласираме на првото место во групата.

„Знаеме дека нема лесни натпревари и така ќе се однесуваме и на дуелот со Гибралтар. Не го знаеме нивниот квалитет, но имаме доволно време да анализираме и да ги забележиме нивните слаби страни, а в четврток да славиме прва победа“, изјави Муслиу.

Македонија в четврток од 20:45 часот ќе го игра натпреварот на стадионот со вештачка трева во Гибралтар.

Најново во Фудбал