НОВИ ПРИЈАТЕЛСКИ СРЕДБИ ЗА НАДЕЖИТЕ

Македонија У -17 со два „теста" против Словенија

Двете пријателски се закажани за 29 и 31 мај на терените на ФФМ во Скопје

објавено: 26 мај 2018 - 11:50

Селекцијата на Македонија до 17 години ќе одигра две пријателски средби со соодветната репрезентација на Словенија. Овие два „теста" се закажани, односно ќе се играат на 29 мај (вторник) и 31 мај (четврток), и тоа на терените на ФФМ во Скопје. И двата меча почнуваа во 17 часот.

Секако дека ова ќе биде уште една добра можност за нашите талентирани момци да ја проверат својата моментална репрезентативна форма.

Најново во Фудбал