ПРВ НАТПРЕВАР ДЕНЕСКА (20:45 Ч.) ВО УЕФА ЛИГАТА НА НАЦИИ

Македонија сонува „ЕУРО 2020“: Гибралтар нека биде „загревање“ пред Ерменија!

Македонската А репрезентација денеска на „Викторија" стадионот во Гибралтар ги отвора натпреварите од Лига на Нации.

објавено: 6 септември 2018 - 16:30

Да потсетиме, во рамките од последната Лига Д на 9. септември избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе го играат првиот домашен натпревар против Ерменија на Националната арена „Филип Втори" во Скопје. Повеќе информации околу цените на влезниците за тој меч можете да дознаете ТУКА

Гибралтар очекувано беше последен во својата квалификациска група за СП во Русија. Запиша 10 порази од 10 мечеви и гол-разлија 3:47. Тоа не е ништо чудно за репрезентација која само неколку години се натпреварува во официјалните средби под капата на УЕФА.

Нема тука професионални играчи и логично е дека и во ова ново натпреварување кое води за ЕП 2020 да биде само „топовска храна" за останатите поквалитетни репрезентации.

Како што и најави нивниот селектор Рибас нема што да загубат против Македонија и пред своите навивачи ќе дадат се од себе да извлечат добар резултат.

Нашата најдобра селекција е секако фаворит не само на овој дуел, туку и во групата 4 за пласман во следната фаза и најважните мечеви преку кои ќе се бара „тикет" за настап на ЕУРО.

После претходните мундијалски квалификации запишавме една победа над Норвешка и двапати ремизиравме со Финска и Азербејџан.

Македонија според најавите од страна на стручниот штаб и играчите е подготвена за прва победа на стартот од Лигата на нации.

УЕФА Лига на нации

Денеска, Лига Д (Група 4)

Ерменија-Лихтенштајн (18:00 ч.)
Гибралтар-Македонија (20:45 ч.)

Најново во Фудбал