Статистичка анализа на првите 3 кола во Лигата на нации

Македонија има посед и реализација исти како и Шпанија!

Нашите репрезентативци се лидери на листата на најдобри реализатори заедно со Шпанците со по 8 погодоци и имаат скоро најголем посед на топка на досегашните средби во натпреварувањето.

објавено: 15 октомври 2018 - 11:35

Статистичките анализи на првите 3. кола во УЕФА Лигата на нации ја стави нашата фудбалска репрезентација во редот на репрезентации кои имаат најголем посед на топка и најдобра реализација. Тоа не случајно се одрази и со три победи на стартот во групата, а нашите репрезентативците добрата серија се надеваат дека ќе ја продолжат и утре во Ереван.

Македонија во првите три средби имаше просечен посед на топка од 61%, а само утрешниот ривал Ерменија, имала подобар посед од избраниците на Игора Ангеловски. Ерменците според анализите на УЕФА ја држеле топката во свои нозе 62% во просек на одиграните натпревари. Македонија е во редот на Шпанија и Грузија кои исто така имаат посед од 61%.

Нашите голгетери, пак, се на делба на првото место на листата на најдобри реализатори. Македонија во три меча постигна 8 гола колку што има само уште селецијата на Шпанија. Алиоски е зад Лукаку и Митровиќ на листата на најдобри стрелци со 3 погодоци, додека Горан Пандев е петти на листата на најдобри асистенти со две одлични асистирања за гол.

Најново во Фудбал