Преку Фарски острови до 2. место на турнирот во Летонија

Љума ги улови „рибарите“

„Минималецот" против „рибарите" (1-0) креиран од стрелецот Енсар Љума е доволен за втората победа и втората позиција на турнирот за нашиот У-19 национален тим во Летонија.

објавено: 10 септември 2018 - 16:20

Со победа (1:0) нашата фудбалската селекција У 19 го заврши настапот на турнирот во Летонија. А тој еден гол бевме подобри од селекцијата на Фарски Острови.

Беше креација на Енсар Љума, за комплетирање на позитивниот ефект на оваа наша селекција предводена од селекторот Горан Станковски.

Ова гостување на Балтикот го завршуваме со ефект од две победи и еден пораз (од победникот на турнирот Украина), по што Станковски сигурно дека може да биде задоволен од постигнатото на овие контролни натпревари.

Најново во Фудбал