ДОМАЌИНИТЕ ВО ВАДУЦ БАРААТ РЕВАНШ ЗА ПОРАЗОТ ВО СКОПЈЕ

Лихтенштајн знае која е шансата против Македонија

Вечерва од 20:45 часот нашата најдобра репрезентација ќе го одиграа петтиот претпоследен натпревар од групата 4 во Лигата „Д" преку кој ќе бара три важни бода во битката за првото место.

објавено: 16 ноември 2018 - 11:45

Македонија на стадионот во Вадуц денеска го имаше последниот тренинг пред денешниот меч против Лихтенштајн од УЕФА Лигата на нации. Селекторот Игор Ангеловски најави дека неговите избраници ќе играат за голема цел, верува во нив, а ќе избере фудбалери кои ќе донесат победа.

Но, и од друга страна Лихтенштајн иако со скоро загубени шанси за местата кои водат во плеј-офот за учество на ЕУРО 2020, ќе ја бара својата шанса за изненадување.

Така мисли и репрезентативецот Мартин Рехштајнер кој и покрај високиот пораз во првиот меѓусебен дуел во Скопје (4:1), смета дека може неговата селекција да извлече позитивен резултат.

„Горан Пандев е лидерот во нивниот тим. Не смееме да си дозволиме грешки, бидејќи можеме да бидеме лесно казнети. Ако играме максимално, борејќи се за секоја топка, и го натераме противникот што подолго да биде на нула, мислам дека имаме шанса", вели репрезентативецот на Лихтенштајн, десниот бек Рехштајнер.

СО ЧЕТИРИ БОДА СМЕ ПРВИ ВО ГРУПАТА

Ако сакаме да бидеме први во групата ќе мораме на двата последни меча да освоиме четири бода.
Секако дека целта се сите шест, но може да се случи и во вечерва да го завериме првото место.
За тоа треба Македонија да победи во Вадуц, а на Гибралтар натпреварот да заврши без победник.

Најново во Фудбал