СЕКОГАШ ПРВ НА МЕСТОТО НА НАСТАНОТ

Капитенот ги дочека соиграчите во Малага (ФОТО)

Срдечен дочек имаше македонската експедиција која утринава од Скопје тргна на патешествие до Гибралтар. И тоа на аеродромот во Малага.

објавено: 3 септември 2018 - 14:27

СПОРТ ВО МАЛАГА

Срдечен дочек имаше македонската експедиција која утринава од Скопје тргна на патешествие до Гибралтар. И тоа на аеродромот во Малага.

Го направи капитенот на нашиот национален тим, Горан Пандев, кој дочека дел од репрезентативците кои се најдоа на списокот на Игор Ангеловски, како Несторовски, Тричковски, Елмас...

Останатите како Николов, Спировски, играчите кои синоќа имаа клупски обврски, исто така треба да дојдат до оваа дестинација од каде сите заедно (со автобус) ќе се упатат кон два часа одалечениот Гибралтар, каде на 6. септември, Македонија ги започнува дуелите од Лигата на нации.

Најново во Фудбал