СЕЛЕКТОРОТ НА У21 ЗА МЕЧОТ СО СРБИТЕ

Илиевски: Игравме плашливо

Селекторот на младата репрезентација Добринко Илиевски истакна дека неговите избраници играле плашливо, посебно во првото полувреме, но дека малку недостасувало да се земе бод од ова тешко гостување

објавено: 7 септември 2018 - 20:25

„Со преголем респект влеговме во мечот. Првото полувреме го одигравме плашливо, но на полувреме се договоривме дека немаме што да загубиме и второто полувреме беше такво како што посакувавме. Малку фалеше да дојдеме до добар резултат", изјави нашиот селектор.


„ Имавме одлично прво полувреме, гол, многу шанси, но момците покажаа трпеливост и борбеност и дојдоа до планираната победа. Реков дека нема лесни натпревари, ривалите, посебно од ек-ју просторите мотивирани играат против Србија. Но целта е исполнета и задоволен сум од настапот на играчите по сето тоа што ни се случуваше пред натпреварот (откажаа неколку играчи поради повреди). Веќе од утре тргнуваме со нови мисли, затоа што пред нас е важниот дуел со Русија", изјави српскиот селектор Горан Ѓоровиќ.

 

Најново во Фудбал