ШАНСИТЕ СЕ ЗАГУБЕНИ, НО НЕ И МОТИВОТ

Илиевски ги собра фудбалерите до 21 година: Ќе се „пумпа“ самодовербата (ФОТО)

Македонската репрезентација до 21 година денеска го имаше првиот собир во рамките на подготовките за двата квалификациски меча за пласман на ЕП 2019. 

објавено: 3 септември 2018 - 12:47

ФОТО: Петр Стојановски

Македонија веќе одамна ги загуби шансите за да направи нов голем подвиг и да се најде на ново Европско првенство, кое овој пат ќе се одржи во Италија следната година. „Црвено-жолтите“ првиот натпревар го играат на седми овој месец против Србија на гостински терен, додека четири денови подоцна ја пречекуваат селекцијата на Ерменија.

„Нашите шанси за висок пласман се загубени, но сериозноста во пристапот не е намалена. Нашите амбиции и желби се исто тата големи за да се направи добар резултат, да се врати самодовербата кај фудбалерите и вербата во оваа селекција. Секој освоен бод ќе значи многу за подобрување на пласманот и ќе се обидеме максимално да се подготвиме за натпреварите, заврши селекторот на Македонија до 21 година“, рече предводникот на оваа генерација по објавувањето на списокот. 

 

Најново во Фудбал