СИГУРНО ЌЕ ИМ БИДЕ ЧУДНО НА ВЕЧЕРАШНИОТ МЕЧ СО МАКЕДОНИЈА

ХОФ И ТИГРАН: Треба ли да стравуваме од Вардаровите Ерменци?

Ќе им биде малку необично зошто за прв пат ќе играат како гости на Националната Арена „Филип Втори" во Скопје. И дека навивачите на Вардар ќе бидат против нив.

објавено: 9 септември 2018 - 11:10

Дуелот од УЕФА Лигата на нации во групата 4 (Лига Д) помеѓу Македонија и Ерменија ќе започне од 18:00 часот на „Филип Втори" Арената. и двете селекции стартуваа со победи над Гибралтар и Лихтенштајн.

Хофханес Хамбарџумјан, десниот бек кој до пред некој месец беше член на нашиот најтрофеен клуб и Тигран Барсегајн, моментно еден од најдобрите фудбалери на Вардар.

И двајцата беа едни од најзаслужните за големиот успех на „црвено-црните" минатото лето со пласманот во групната фаза во Лига Европа.

И двајцата беа и се миленици на фановите на клубот, но и на пошироката фудбалска јавност, и двајцата освојуваа титули во Македонија и се радуваа на убави нешта.

Хоф и Тигран секогаш го давале и го даваат последниот атом на силите за успех на својот вардар, секако дека денеска тоа ќе го сторат за својата Ерменија.

Во Вардар, но и во мак - фудбалот имало голем број странци, но ретки биле тие кои како Хоф и Тигран, со својот квалитет го подигнале нивото на нашата Прва лига. Селекцијата на Ерменија има голема среќа што во своите редови ги има овие двајца репрезентативци.

Жестоки ќе бидат нивните дуели со Николов, Спировски, Велковски, Муслиу, Тошевски, екс и сегашните Вардарци заедно со Хамбарџумјан и Барсегјан во „црвено-црниот" дрес.

Најново во Фудбал