ПРЕД ПРВИОТ МЕЧ ОД УЕФА ЛИГАТА НА НАЦИИТЕ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА

Гибралтар се подготвува за историја (ФОТО)

На карпата е закачен дресот на Гибралтар, каде што и вообичаено стои нивното знаме.

објавено: 5 септември 2018 - 12:04

Селекторот на Гибралтар, Хулио Рибас ги мотивира своите играчи за дуелот против нашата селекција.

Истовремено ги повикува неговите репрезентативци да сфатат дека „Имало држава зад фудбалот, и дека има држава која има страст кон својот фудбал".

Исто така на „Викторија" стадионот се засилуваат и рефлекторите за утрешниот меч од УЕФА Лигата на нациите.

На ваков начин Рибас ја охрабрува својата селекција да се бори во претстојната пресметка (20:45 часот) на „Викторија" стадионот.

Уругвајскиот стратег е убеден дека во самодовербата кај неговите фудбалери и во нивниот развој.

Дека овој предизвик, овој настап во ова ново УЕФА натпреварување ќе биде големо искуство за нив, но и дека се собрало искуство од поразите во минатото.

Рибас ги повикува сите да ја покажат страста, љубовта за својата земја и неговите фудбалери да го остават срцето на теренот против Македонија.

Најново во Фудбал