ПОЗНАТИ СЕ ПОЧЕТНИТЕ 11 НА НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ТИМ

ГИ НЕМА ТРАЈКОВСКИ И НИКОЛОВ: Почнуваат Елмаз и Бејтулаи

На клупата за резервни играчи во нашата селекција за вечерашниот дуел (18. часот), против Ерменија одново е и Илија Несторовски.

објавено: 9 септември 2018 - 17:11

Две измени направи селекторот на нашиот национален тим Игор Ангеловски во пресрет на дуелот со Ерменија, а во однос на оној првиот одигран пре днекој ден на Гибралтар.
За разлика од првиот меч на кој Македонија стигна до планираните три бода со победата од (2:0), за оној вечерашниот од 18 часот, кој се игра на стадионот „Филип Втори" во Скопје.
Во првите 11 вечерва нема место за Александар Трајковкси и за Бобан Николов, додека пак на нивното место, во улога на стартери Ангеловски ги постави Елиф Елмас и Егзон Бејтулаи.
Од друга страна, нема многу промени во составот на нашиот противник.

Од порано беше познато дека некогашниот вардаров тандем, Барсегјан-Хамбарџумиан ќе биде ударниот во составот на Ерменија.
За потсетување Ерменците со тешки маки славеа со (2:1) во првиот меч од „Д" групата од Лигата на Нациите против селекијата на Лихтенштајн.

Најново во Фудбал