КИКСЕР НА ГОДИНАТА

Георгиевски: Автоголовите се составен дел на фудбалот!

Третпат сезонава фудбалерот на Стеауа погоди во својата мрежа, претходно двапати во Лигата на шампионите

објавено: 6 март 2014 - 14:10

Даниел Георгиевски, десниот бек на македонската фудбалска репрезентација и член на романска Стеауа, вчера го постигна третиот автогол сезонава, погодувајќи во мрежата на Томе Пачовски во триумфот на Македонија против Летонија во пријателскиот меч во Скопје (2-1). Претходно, Георгиевски двапати атрактивно ја погоди сопствената мрежа во мечеви во Лигата на шампионите против англискиот премиерлигашки гигант Челси.

По третиот автогол, Георгиевски слободно може да ја понесе титулата – малер на годината.

„Се случува, што да правам! Нормално, не сакав да си дадам автогол, но и тоа е составен дел од фудбалот. Нам во одбраната често ни се случува да ја затресеме сопствената мрежа. Но, најважно е што победивме“, рече Георгиевски.

Тој за овој кикс се извади со изнудениот пенал по кој Агим Ибраими од белата точка погоди за победа.

Најново во Фудбал