Македонската фудбалска репрезентација У17 со пораз го отвори квалификацискиот турнир за пласман на ЕП, кој се одржува во Скопје. Селекторот Тоше Нацев и неговите избранички на стартот беа надирани од Франција, која славеше со 7-0 (3-0). „Црвено-жолтите" немаа ниту еден удар кон голот на противникот, за разлика од нив Франција упати 23 удари. Во нашата група 10 уште се Унгарија и БиХ. Шанса за попразен нашите млади фудбалерки ќе имаат за три дена кога играат против Унгарија, која пак минимално славеше против БиХ (0-1).
објавено: 20 септември 2018 - 17:32