НАШИОТ ГЛАВЕН РИВАЛ ВО ЛИГАТА НА НАЦИИТЕ СО НАЈСИЛЕН СОСТАВ

Ерменија во напад со Барсегјан и Мхтеријан

Сепак ќе има фудбалер на Вардар идната недела во Скопје на дуелот Македонија – Ерменија но во составот на гостите. На списокот на нашиот риовал го нема Хофханес Хамбарџумјан.

објавено: 30 август 2018 - 14:40

За дуелите со Лихтенштајн и Македонија селекторот на Ерменија, Вардан Манасјан смета на 24 фудбалери кои се најдоа на неговиот список за стартот на квалификациите за ЕП 2020 преку Лигата на нации. Главна ѕвезда на ерменците е Хенрокх Мхтеријан, фудбалерот на Арсенал од Лондон кој заедно со ветеранот Пицели (натурализиран аргентинец), ни ја сокрија топката при нивното последно гопстување во Скопје (2:2). Двајцата се на списокот заедно со за нас познатиот Тигран Барсегјан. Сепак ќе има фудбалер на Вардар идната недела на нашиот најголем стадион во битката на најдобрите селекции од нашата квалификациска група. Барсегјан е во одлчична фортма играјќи за Вардар а нашиот селектор Игор Ангеловски влера го соопшти списокот на кој не се најде ниту еден фудбалер од таборот на „црвено-црните".

За Ерменија нема да настапи Хофханес Хамбарџумјан кој лани настапуваше за Вардар а цело лето бараше клуб.
Дуелот Македонија – Ерменија се игра на 9. Септември во Скопје а три дена претходно ние ќе се загребаме кај Гибралтар а Ерменија го пречекува Лихтенштахјн.

СПИСОКОТ НА ЕРМЕНИЈА:
Голмани: Багларјан (Леипаја/Лат.), Ајрапетјан (Бананц), Ајвазов (Бананти)
Одбрана: Харојан (Урал/Рус.), Монро (Чико/Кол.), Челишер (Гетеборг/Шве.), Мкојан (Алашкерт), Едигарјан (Алашкерт), Маничарјан (Пјуник), Восјанјан (Алашкерт).
Среден ред: Јаган (Еупен/Бел.), Казарјан (Чавес/Пор.), Мхтеријан (Арсенал/Анг.), Пицели (Актобе/Каз.), Малакјан (Жетису/Каз.), Обилис (Вилем/Хол.), Мкртчјан (Пјуник), Малакјан (Арарат), Аракелјан (Пјуник), Вардањан (Пјуник), Ховсепјан (Пјуник).
Напад: Адејан (Регенсбург/Гер.), Барсегјан (Вардар/Мкд), Саркисов (Енисеј/Рус).

Најново во Фудбал