ИГРАЧОТ НА ФЕНЕРБАХЧЕ ГО ОДИГРА ЦЕЛИОТ МЕЧ ПРОТИВ ЕРМЕНИЈА

Елмас: Одиме чекор по чекор, силно посакуваме на Европско!

Македонската А репрезентација со 2:0 ја победи Ерменија во вториот натпревар од Д групата во Лига на Нации.

објавено: 10 септември 2018 - 08:00

На Националната арена „Филип Втори" во Скопје, нашата селекција славеше со головите на Езџан Алиоски во 13. минута од пенал и капитенот Горан Пандев во 59. минута.

Македонија со максимални шест бодови е лидер во групата 4. Третиот меч избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе го имаат на 13. октомври на домашен терен против Лихтенштајн.

„Добро почнавме уште во првото полувреме, од самиот старт, дојде и тој пенал. Игравме трпеливо и навистина е одлично е чувството да остварите две победи по ред. Ќе одиме на сите натпревари, чекор по чекор да ги добиеме. Сите знаеме дека сакаме да играме на едно големо натпреварување, во овој случај тоа е Европското првенство 2020. година. Само здравје, значи одиме чекор по чекор, се надевам дека ќе го оствариме тоа што го сакаме", вели репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас.

Тој додаде уште дека е среќен што добива минутажа на репрезентативен и клупски план и секогаш ќе го дава максимумот.

Најново во Фудбал