Младите надежи до 18 години изборија реми

Елези со два гола за нерешено со Полска

објавено: 10 септември 2018 - 18:04

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години одигра нерешено 2:2 во вториот пријателски меч во Скопје против соодветната селекцијата на Полска.

Во првото полувреме Полјаците тргнаа силно и успеаја да поведат со 2:0 со погодоци од пенал во 15., и од игра во 19. минута на натпреварот. Нашата селекција успеа да се врати во игра со погодокот од белата точка во самиот финиш на првото полувреме. Стрелец беше Агон Елези.

Во израмнето второ полувреме нашата репрезентација во завршницата успеа и по вторпат да го совлада гостинскиот голман. Елези беше успешен по вторпат од пенал на 11. минути пред крајот на средбата.

Нашата репрезентација на овој меч настапи во следниот состав: Алчевски, Јанкулов, Сухељ, Даути, Митревски, Јонузи, Редев-Јанкуловски, Елези, Воша, Ибиши и Максимов.

Најново во Фудбал