РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДО 21.Е ВО НОВИ САД, СО ВИДОИЗМЕНЕТ СОСТАВ

Дополнителен повик за Томас Божиноски

Ристе Јанков не е нај фит поради проблеми со препоните, а Филип Трајчевски не може да биде пријавен во составот исто така од здравствени причини.

објавено: 6 септември 2018 - 13:30

Македонската репрезентација до 21. година вчера пристигна во Нови Сад, каде што петок ќе го одигра новиот меч од тековните квалификации за пласманот на Европското првенство.

Ние сме без шанси за пласман таму, и имаме шанса во моментов единсттвено да си го подобриме бодовното салдо, да ја кренеме атмосферата, а со тоа и играта на едно повисоко ниво, и да покажеме дека можеме далеку подобро од ова кое го играме досега. Што се случи се случи, време е да се подобриме.

Нашиот тим во моментов е склоп од две генерации, а дел од онаа која надоаѓа е секако и голманот Томас Божиноски. Тој е дополнително повикан за овој меч, и пристигна директно во Нови Сад. Причините за тоа се следни. Нашиот прв голман, Ристе Јанков чувствува мала повреда на препоните. Новитетот пак во овој состав Филип Трајчевски од Струга Трим Љум има констатирано дијабет, и секако мора да прима секојдневна доза на инсулин.

Се би било тоа во ред, доколку ваквите случаи во УЕФА не се пријавуваат дваесетина дена порано, за да не би дошло до несакани последици, и допинг скандали. Затоа Трајчевски за сега нема да биде во можност да биде дел од протоколот, односно да биде во официјалниот состав кој ќе конкурира за мечот против Србија. Конечно, поради сето ова е дополнително повикан Томас Мицковски, младиот и перспективен голман на Португалскиот Пашош Фереира, кој не така одамна беше откриен како опција за напата млада репрезентација, а ова му е втор повик. Сеуште нема добиено шанса, ќе видиме дали тоа ќе се случи во следните неколку мечеви.

Најново во Фудбал