„ТОПЧИИТЕ“ ВЕРУВААТ ВО СТРУМИЧАНЕЦОТ

Дејан Илиев со нов договор со Арсенал!

Македонскиот интернационалец Дејан Илиев и натаму ќе биде дел од тимот на Арсенал затоа што клубот денеска го објави неговиот нов договор којшто е со важност 2+2 години.

објавено: 20 јули 2018 - 11:18

Македонскиот интернационалец Дејан Илиев и натаму ќе биде дел од тимот на Арсенал затоа што клубот денеска го објави неговиот нов договор којшто е со важност 2+2 години.

Струмичанецот којшто уште како младинец замина во Англија добива нова шанса да се докаже во клубот од ,,Емирати'' стадионот и да покаже колку всушност поседува голмански квалитети. Тоа во Арсенал добро го знаат затоа и му даваат шанса.

Секако првенствено за Дејан Илиев е да брани па затоа најверојатно тој ќе инсистира на позајмица, а каде таа точно ќе се случи ќе се дознае во следните неколку дена.

Најново во Фудбал