ЗА ПРВИОТ НАТПРЕВАР ОД УЕФА ЛИГАТА НА НАЦИИТЕ

ДА НЕ „ПУКНЕ“ НОВ СРАМ: Гибралтар го објави списокот за дуелот со Македонија (ФОТО)

Селекторот Хулио Рибас го објави списокот за претстојниот натпревар од новото натпреварување УЕФА Лига на Нации против Македонија. Натпреварување преку кое ќе се бара златната шанса за пласман на ЕУРО 2020.

објавено: 27 август 2018 - 10:39

Првиот меч од Лигата Д ќе се игра на 6. септември на „Викторија" стадионот, а во другиот меч од групата 4 ќе се сретнат Ерменија-Лихтенштајн.

Македонија не само што е фаворит во овој дуел, туку и има најголеми шанси за освојување на првото место во групата според обложувалниците.

Гибралтар е секако тим кој што треба „лесно" да се помине, но тоа мора да се докаже на теренот, а дефинитивно не сакаме да се повтори срамот што ни беше приреден од страна на У21 селекцијата која загуби од младите надежи на Гибралтар со 1:0 на гостински терен во рамките од квалификациите за ЕП 2019.

Сениорите на Гибралтар воглавно ги губеле мечевите со голема разлика, но изненадува нивната последна средба годинава, кога триумфираа во пријателскиот натпревар дома над Летонија (1:0) со голот на Вокер во 88. минута од средбата.

Најново во Фудбал