ПО ОНИЕ 0:4 НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕРЕВАН

Босанците се сомневаат во нашите фудбалери, имало нешто матно!

„Ако ова не е сомнително, тогаш што е" се прашува „Спортспорт.ба"

објавено: 17 октомври 2018 - 13:15

По она што се случи во Ереван, дел од најголемите медиуми во светот се потсмеваа на одбраните на Столе Димитриевски, а пак сајтот „Спортспорт.ба", од БиХ отиде уште подалеку.

Имено авторот на текстот „Ако ова не е сомнително, тогаш што е?" В. Вукмировиќ, напоменува дека веројатно и УЕФА ќе си имала работа со тој натпревар.

Тој директно обвинува дека мечот во Ереван е крајно сомнителен, и само поради фактот, според него, како бранел Димитриевски.

Добро, тоа е негова работа, а наше е да му порачаме нека си ја гледа неговата репрезентација и фудбалот во БиХ.

Најново во Фудбал