Ново е само селекторот

Бледо деби на Бошко Ѓуровски, победа над Летонија со сомнителен пенал (ВИДЕО)

Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Бошко Ѓуровски, имаше победнички старт откако неговите избраници вечерва победија со 2-1 во пријателскиот дуел против Летонија.

објавено: 5 март 2014 - 20:11

„Рисовите“ одиграа повеќе од солидно, делуваа свежо и полетно, го напаѓаа противникот уште на неговата половина и покажаа дека може да прикажат добра партија дури и без двете доскорешни најголеми ѕвезди, Горан Пандев и Николче Новески, кои се повлекоа од репрезентацијата.

Македонија доминираше во првото полувреме, а круна на константните напади дојде во 29. минута кога по одличниот центаршут на Тричковски од десната страна, Јован Костовски се најде на вистинското место и од непосредна близина ја затресе мрежата на Летонците. И второто полувреме го почнавме добро, но во 65. минута се соочивме со студен туш откако Георгиевски си постигна автогол по една неспретна интервенција пред сопствениот шеснаесетник.

мак-лет-12

Но, само шест минути подоцна, беше досуден пенал за нашата селекција, кој успешно беше изведен од Агим Ибраими за конечни 2-1 за жолто-црвената селекција.

Селекторот во финишот им даде шанса на уште неколку фудбалери, кои исто како и стартерите ја оправдаа неговата доверба. Вечерва не настапија и неколкумина квалитетни фудбалери поради настапот за селекцијата за играчи до 21 година на мечот против Португалија, кој заврши со победа од 2-0 на португалската селекција.

Најново во Фудбал