ЕРМЕНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН НАПАЃАЧ ПРЕД НЕДЕЛНАТА ПРЕСМЕТКА

Барсегјан: Ги знам Македонците, професионалци и се добро организирани!

Тигран Барсегјан е најзаслужниот што Ерменија стартуваше со триумф во Лигата на нации на домашен терен против Лихтенштајн (2:1).

објавено: 7 септември 2018 - 17:00

Настапи во второто полувреме и својата минутажа веднаш ја искористи на најдобар можен начин за прва радост во ова ново УЕФА натпреварување.

„Заедно во победи и порази, не е важно кој ќе постигне гол. Се надевам дека ќе продолжиме и понатаму да им донесуваме радост на нашите навивачи. Мислам дека против Лихтенштајн не ги покажавме нашите најдобри перформанси, иако трите бода се важни", рече Барсегјан.

Напаѓачот ги брани боите на Вардар, во неговата изјава вели дека настапува во Првата македонска лига и ги знае фудбалерите од тимот.

„Воглавно играат исто така во други земји и нашиот следен ривал е добро организиран. Не смееме да им дозволиме да доаѓаат до шанси, тие се одлични професионалци, кои можат да ја искористат секоја прилика за реализација", додаде ерменскиот репрезентативец.

Дуелот помеѓу Македонија и Ерменија ќе се игра на „Филип Втори" Арената, секако многу добро познат терен за Барсегјан, мечот е од 18:00 часот во рамките од групата 4 (Лига Д).

Најново во Фудбал