ТРЕТ ПОГОДОК ЗА ФУДБАЛЕРОТ НА ЛЕВАНТЕ ВО СЕНИОРСКИОТ ДРЕС

„БАРДИМИНАТОР“: Ремек дело за водство од 1:0 против Гибралтар! (ВИДЕО)

Нашите најдобри фудбалери уште од самиот старт атакуваа кон првиот гол вечерва на „Филип Втори" Арената...

објавено: 19 ноември 2018 - 21:23

Шанси се редеа, а сиот налет се исплати во 27. минута, фантастичен погодок на Барди, играчот на Леванте кој најпрво се ослободи од еден противнички играч, и виде веднаш дека излезен беше малку противничкиот голман, и со многу добро чувство прекрасно стрелаше за водство од 1:0.

Ова е трет гол за Енис Барди во сениорскиот дрес, претходните два ги имаше во изминатите квалификации за СП и уште еден на гостувањето во Вадуц против Лихтенштајн.

Најново во Фудбал