ДИСЦИПЛИНИРАНО, ОДГОВОРНО, ОДЛУЧНО ПО ПОБЕДА

Барди: Пред оваа генерација е голема прилика да обезбеди место на ЕП!

Со доаѓањето на капитенот Горан Пандев, македонската репрезентација во комплетен состав денеска ќе тренира во малото швајцарско место Фусисберг пред заминувањето во Вадуц в четврток за натпреварот против Лихтенштајн во рамки на Лигата на нациите, претпоследен во групната фаза.

објавено: 14 ноември 2018 - 10:34

Нашиот репрезентативец, Енис Барди смета дека Македонија на дуелот со Лихтенштајн мора да одигра внимателно и дисциплинирано, вели дека резултатот од Скопје не смее да не залажува, бидејќи домаќинот сигурно ќе сака да го поправи впечатокот пред домашна публика.

„Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде најдоброто од себе за да ја оствариме целта и да победиме против Лихтенштајн. Мораме да бидеме трпеливи и концентрирани, а тогаш ќе дојдат до израз нашите квалитети. Во Скопје одигравме одлично, но тој резултат не смее да не залажува, бидејќи Лихтенштајн сигурно ќе сака да го поправи впечатокот пред домашната публика. Свесни сме за важноста на натпреварот и треба е да одиграме тактички добро и организирано. Во добра позиција сме, но секако треба да бидеме внимателни, концентрирани и со дисциплина во играта за да ги искажеме нашите квалитети на теренот во Вадуц“.

Македонија во Вадуц в петок од 20:45 часот ќе го игра дуелот со селекцијата на Лихтенштајн, додека последниот меч со Гибралтар ќе го имаме на 19. ноември против селекцијата на Гибралтар на „Филип втори" во Скопје.

„Мотиви и желба не недостасуваат, напротив, пред оваа генерација е голема прилика да обезбеди место на Европско првенство. Сами решаваме за нашето место во групата и одиме да победиме", изјави Енис Барди.

Најново во Фудбал