МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ, „КРАЛОТ“ НА СЛОБОДНИТЕ УДАРИ

Барди „брка“ ново ЕП: Ова е нашата шанса, да ја зграбиме!

Вечерва од 18:00 часот на „Филип Втори" Арената во рамките од групата 4 (Лига „Д") на патот кон пласман на Европското првенство 2020. година, следен противник на избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе биде Ерменија.

објавено: 9 септември 2018 - 12:00

На стартот од УЕФА Лигата на нации, А репрезентацијата на Македонија го победи Гибралтар со 2:0 на гостински терен. После тој меч за мундијалските квалификации досега во осум натпревари имаме учинок од четири победи и четири нерешени средби.

Енис Барди, играчот за врска и „кралот" на слободните удари во Ла Лига, секако дека е еден од нашите најголеми адути.

Тој веќе настапи на едно Европско првенство, но со У21 селекцијата на континеналниот собир во Полска каде што блесна со своите игри.

„Чувството кога со Македонија до 21 година се пласиравме на ЕП во Полска за мене е најдоброто во досегашната кариера. Но, фудбалот секогаш бара повеќе. Тоа веројатно и со текот на времето и со нашата работа не прави позрели и на некој начин подобри фудбалери. Лигата на нации ни овозможува шанса да направиме успех со А репрезентацијата на Македонија и да се обидеме да се пласираме на Европското првенство 2020", вели Барди.

Реално имаме противници кои се послаби од нашата репрезентација, но во модерниот фудбал тоа не значи многу:

„Мораме да бидеме паметнио, концентрирани во секоја минута од секој натпревар и да не води само една цел. Веруваме во себе, верувам во моите и квалитетите на соиграчите во тимот и ќе дадеме се од себе да го освоиме првото место во групата и да се пласираме во следната фаза од Лига на Нации“, додаде фудбалерот на Леванте.

Најново во Фудбал