ЗА ДУЕЛОТ В НЕДЕЛА ОД 18:00 ЧАСОТ НА „ФИЛИП ВТОРИ“

Австриец ќе го суди мечот меѓу Македонија и Ерменија

После успешниот старт и победата од 0:2 во првата средба од УЕФА Лигата на нации на гостувањето кај Гибралтар (0:2), нашата селекција веќе е фокусирана на следниот предизвик.

објавено: 7 септември 2018 - 14:40

В недела на 9. септември избраниците на селекторот Игор Ангеловски во групата 4 од Лига Д ќе се сретнат против Ерменија која пред своите гледачи со 2:1 беше подобра од Лихтенштајн.

Веќе е и познато кој ќе дели правда на неделната средба на „Филип Втори" - Скопје, главен судија е Мануел Шутенгрубер од Австрија.

Помошници ќе му бидат неговите сонародници Роланд Бранднер и Роланд Ридел, додека УЕФА делегат е Мајкл Еплбај од Англија.

Шутенгрубер еднаш веќе им судел на сениорите на Ерменија, и тоа годинава во пријателскиот натпревар во ремито (0:0) против селекцијата на Молдавија.

Има судено и на македонска селекција, онаа за играчи до 17. години на натпревар од квалификациите за ЕП 2016 во гостинскиот пораз (3:0) од Шкотска.

Најново во Фудбал