МАКЕДОНИЈА ГО ЗАПОЧНА НАСТАПОТ ВО УЕФА КУП НА РЕГИОНИ

Аматерите надиграни од руската Чајка

Нашата аматерска репрезентација сочинета исклучно од играчи кои што се дел од второлигашката конкуренција се докажува во Северна Ирска каде што игра три силни натпревари. Денеска во рамките од групата 1 претрпе пораз од селекцијата на Русија (Јужен регион - Чајка) со резултат 4:0 на стадионот Сноуграндс во градот Колрејн.

објавено: 18 октомври 2018 - 18:15

Стрелци на головите во победничките редови беа Роман Богданов во 39., Денис Збродов во 46., Александр Наставшев во 64. и Максим Тишченко во 89. минута од средбата.

Македонија: Дураковиќ, Ристески, Илиевски (Ангеловски 80), Мирчевски, Коцев, Галевски (Алиу 53), Николовски, Лукаров, Рајков, Ристовски, Пеев (Ивановски 66).

Според програмата на 21. Октомври го играме второто коло против домаќинот, селекцијата на Источен Регион на Северна Ирска, на стадионот „Виндзор Парк" во Белфаст, а финишираме на 24. октомври го финишираме турнирот со Португалската селекција на стадионот „Шамрок Парк" во Портдаун.

Најново во Фудбал