МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ СЕ НАОЃА ВО ОДЛИЧНА ФОРМА

Алиоски: Среќен поради головите, само вака да продолжиме кон нешто големо...!

Фудбалерот на Лидс покажува големи перформанси во новата сезона и на репрезентативен план, во првите две кола од УЕФА Лигата на нации придонесе со по еден погодок во првите победи над Гибралтар и Ерменија.

објавено: 10 септември 2018 - 09:30

Неговите голови секако радуваат, но за Езџан Алиоски уште поважни се победите на македонската А репрезентација и продолжи со ваквите позитивни резултати на патот кон ЕП 2020.

„Головите се лична работа, најважен е успехот на националниот тим. Ние ги остваривме тие две победи во кои успеав да му помогнам на тимот со моите голови. Секако дека презадоволен сум, иако можеби некому ова изгледа лесно, тоа треба да се одработи на теренот. Верувајте ние за секој меч максимално се подготвуваме и се однесуваме професионално, така треба и да продолжиме. Се наоѓаме во добра форма, не ги потценуваме ривалите и ако така ги гледаме работите, можеме да направиме голем успех", изјави репрезентативец на Македонија, Езџан Алиоски.

Следниот трет натпревар од групата 4 во Лигата „Д“, избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе го играат на 13. октомври на „Филип Втори“ Арената - Скопје против Лихтенштајн.

Најново во Фудбал