ОДЛИЧЕН ПОЧЕТОК ЗА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

Алиоски прв стрелец во УЕФА Лигата на нации

Македонија успешно стартуваше на патот кон ЕУРО 2020, откако во првите две кола од групата 4 во Лигата „Д" славеше најпрвин кај Гибралтар (0:2), а со истиот резултат триумфираше дома против Ерменија.

објавено: 12 септември 2018 - 09:40

Езџан Алиоски имаше по еден погодок во двете победи, додека свој придонес имаа уште Иван Тричковски и Горан Пандев со по еден гол.

Алиоски, фудбалерот на Лидс Јунајтед е на делба на првото место по првите натпревари во сите групи од четирите лиги.

Ако зборуваме само за Лигата „Д", Алиоски е на делба на првото место со два гола, колку што имаат уште Станислав Драгун (Белорусија) и Даниел Синани (Луксембург).

Листа на стрелци (само Лига „Д"):

1. Езџан Алиоски (Македонија) 2 голови
- Даниел Синани (Луксембург) 2
- Станислав Драгун (Белорусија) 2

2. Горан Пандев (Македонија) 1 гол
- Иван Тричковски (Македонија) 1
- Тигран Барсегјан (Ерменија) 1
- Рене Јоенсен (Фарски Острови) 1
- Гиорги Чакветадзе (Грузија) 1
- Денис Салаловиќ (Лихтенштајн) 1
...

Ако ги земеме во предвид сите четири лиги, и на таа листа нема играч повеќе од два голови, така што Алиоски е на делба на првото место заедно уште со реномирани имиња како Лукаку, Ериксен, Митровиќ...

Листа на стрелци (сите четири лиги):

1. Езгјан Алиоски (Македонија) 2 голови
- Ромелу Лукаку (Белгија) 2
- Кристиан Ериксен (Данска) 2
- Александар Митровиќ (Србија) 2
- Емре Акбаба (Турција) 2
- Божидар Краев (Бугарија) 2
...

2. Еден Азар (Белгија) 1
- Килијан Мбапе (Франција) 1
- Маркус Решфорд (Англија) 1
- Џердан Шаќири (Швајцарија) 1
- Иско (Шпанија) 1
- Серхио Рамос (Шпанија) 1
- Един Џеко (Босна и Херцеговина) 1
- Герет Бејл (Велс) 1
...

Возбудувањата во новото УЕФА натпреварување, Лигата на нации ќе продолжи наредниот месец кога нашата A селекција предводена од селекторот Игор Ангеловски на 13. октомври ќе го пречека Лихтенштајн, а три дена подоцна ќе и гостува на Ерменија.

Најново во Фудбал