МЛАДИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ИМА НОВ КЛУБ

АГРОН РУФАТИ: Од Локомотива преку Алавес до Истра!

Членот на нашата селекција „Под 19" години оди на позајмица во хрватскиот прволигаш каде ќе игра во наредната сезона.

објавено: 14 јули 2018 - 22:45

Агрон Руфати, македонскиот репрезентативец, член на селекцијата „Под 19" во наредната сезона ќе настапува за екипата на Истра.

Ова е дел од договорот според кој шпанскиот Алавес го направи со хрватскиот прволигаш. Според истиот, 19.годишниот Руфати, како играч на Алавес ќе игра за Истра.

Ова лето, поточно на првиот ден од јули, дефанзивецот кој важи како дете на загребска Локомотива, направи трансфер во Алавес. Но веќе следниот ден од страна на шпанскиот клуб е испратен на едногодишна позајмица во Истра.
По истекот на овој едногодишен период, Руфати ќе се врати во редовите на Алавес со кој пред извесно време постигна повеќегодишен договор.

 

Најново во Фудбал