ГОЛГЕТЕРОТ СО ИЗЈАВА ЗА „СПОРТМЕДИА“

РЕНЏЕРС ЗА СПЕКТАКЛ, Илијоски: Одлична реклама за Шкупи и „Шверцери“!

Шкупи со измешани емоции после денешната ждрепка и добивањето на атрактивниот Глазгов Ренџерс во првото коло од квалификациите за Лига Европа.

објавено: 20 јуни 2018 - 18:11

Еден од најискусните во тимот од Чаир, голгетерот Баже Илијоски со изјава за „Спортмедиа" околу ривалот од Шкотска:

„Добивме добар противник кој што ќе биде задоволство да се игра со нив и очекувам да биде еден голем спектакл со Ренџерс и Стивен Џерард. И ќе биде добро за цела јавност што ќе има можност да гледа еден таков противник со тие играчи во Скопје.

Наше е да дадеме максимум и да не бидеме преимпресионирани од противникот и да се претставиме во добро светло. Ова е одлична реклама за Шкупи и навивачката група „Шверцери", ни изјави фудбалерот на Шкупи, Баже Илијоски.

Барем според досегашните најави, домаќин на првиот натпревар на „Иброкс" стадионот ќе биде Глазгов на 12. јули, а една недела подоцна реваншот во Скопје.

Да додадеме уште дека доколку нашата екипа успее да излезе како победник во овој двомеч, во следното второ квалификациско коло на ЛЕ ќе игра со подобриот од Петрокуб (Молдавија) и Осиек (Хрватска).

Најново во Фудбал