ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА РЕВАНШОТ ПРОТИВ ХОНВЕД

Работнички го почувствува духот на Будимпешта

Фудбалерите и стручниот штаб од вчера се во главниот град на Унгарија, во очекување на возвратните 90. минути против Хонвед, во рамките на првото квалификациско коло во Лигата на Европа.

објавено: 16 јули 2018 - 14:24

Денешното претпладне беше искористено за прошетка низ убавата Будимпешта, а попладне ќе следат прес – конференција и официјалниот тренинг на тимот на стадионот „Јожеф Божик".

Натпреварот меѓу Хонвед и Работнички е закажан за вторник, со почеток во 18:00 часот. По првиот дуел, „романтичарите" имаат предност од 2-1.

Најново во Фудбал