немаше многу „романтика“ ова лето

Работнички експресно го заврши евронастапот (Видео)

Со поразот од 4:0 на гостински терен кај Хонвед, македонскиот претставник уште на стартот е елиминиран во квалификациите во Лигата на Европа 

објавено: 17 јули 2018 - 19:57

Екипата на Работнички е елиминирана уште на стартот од квалификациите во Лигата на Европа. „Романтичарите“ убедливо со 4:0 загубија на гостувањето кај Хонвед, во реванш дуелот од првото коло во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Овој пораз е преголем, ако се знае дека Работнички во првите 90 минути во Скопје победи само со 2:1, па Унгарците се вкупни 5:2 одат понатаму. 

Уште во првите 16 минути Хонвед покажа дека е решен да ја анулира негативата од првиот меч. Филип Холендер погоди во 6 и 16 минута за предност на домаќините од 2:0. Погодоците на Холендер може да ги видите ТУКА. 

И второто полувреме беше во знакот на Хонвед. Сите дилеми околу тоа кој тим ќе продолжи во следната фаза Хонвед ги реши во 63 минута. Херера направи пенал и доби црвен картон, а Данило погоди од белата точка за 3:0 за Хонвед. Данило даде и втор гол и тоа во 84 минута за конечни 4:0.  

Најново во Фудбал