лоши први 45 минути за „романтичарите“ на гостувањето

Работнички брзо потклекна и губи 2:0 од Хонвед (Видео)

Унгарски Хонвед има предност од 2:0 по првото полувреме во реванш мечот од квалификациите за Лигата на Европа против Работнички. Тоа е резултат кој одговара на Хонвед, ако се знае дека Работнички на првата средба победи со 2:1. 

За само 16 минути домаќините стигнаа до посакуваната предност. Филип Холендер е стрелец на двата гола. првиот пат погоди во 6 минута, а 10 минути подоцна се израдува по втор пат. Работнички и покрај негативата, со еден гол во вториот дел може да се избори барем за продолженија, што значи дека уште ништо не е завршено.

објавено: 17 јули 2018 - 18:50

Најново во Фудбал