ТРИУМФ ВО КОНТРОЛНИОТ МЕЧ ПРОТИВ ВЕЛАЗЕРИИ СО 4-1

Првите голови на Ангелов и Сержињо за Шкупи (ВИДЕО)

Овој период каде што свои обврски имаат репрезентациите, помеѓу кои и Македонија, клубовите пред продолжението од сезоната го користат за одигрување на пријателски натпревари.

објавено: 10 септември 2018 - 15:30

Составот на Шкупи убедливо со резултат 4:1 успеа да го совлада Велазерими на стадионот во Чаир пред околу 300. гледачи.

Своите први погодоци за Шкупи ги постигнаа Бразилецот Сержињо и Виктор Ангелов, овој вториот двапати се запиша во листата на стрелците, а придонес со еден гол имаше и Артан Велиу.

Тимот на Хајат Сојдаш се подготвува за следниот прволигашки меч на гостувањето кај Вардар на 16. септември, дуел кој што ќе се игра од 15:30 часот.

Најново во Фудбал