ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА 2МФЛ - ЗАПАД

Прв тренинг во Брвеница, Тетекс договори три „контролки“!

Фудбалерите на Тетекс во текот на вчерашниот ден го одработија првиот тренинг од 17 часот на стадионот во Брвеница.

објавено: 5 јули 2018 - 15:30

Со тоа и официјално започнаа подготовките за пролетниот дел од новата сезона 2018/19 во Втората македонска фудбалска лига – Запад.

Пред почетокот на подготовките, стручниот штаб и раководството на Тетекс им посака на фудбалерите добри подготовки, многу среќа и успех во овој подготвителен период, како и во натпреварите низ пролетниот дел од сезоната.

Според планот на подготовките, фудбалерите ќе работат Тетово односно во Брвеница и најпрво една недела ќе започнат со физички припреми, а потоа и со неколку пријателски натпревари со цел активирање на формата и воигрување на тимот за екипата да биде подготвена и на тактичко – технички план.

Во овој момент има договорено три контролни натпревари против Вардар-младинци (17.07), ГФК Тиквеш (21.07), Силекс (24.07).

Најново во Фудбал