ПРЕД НАСТАПОТ ВО УЕФА ЛИГА НА НАЦИИТЕ

Проблеми за селекторот, Зајков мора на операција!

Ѓоко Зајков моментно е трет централен бек во сениорскиот тим, зад стартерите Дарко Велковски и Висар Муслиу.

објавено: 21 јули 2018 - 10:18

Муслиу е стандарден во редовите на Шкендија, но Велковски, членот на Риека веќе извесно време е надвор од терените.

Нашиот одбранбен репрезентативец Зајков кој ги брани боите на белгискиот клуб Шарлроа, во вторник во Бордо ќе мора да оди на операција на спортска хернија, пубалгија.

Опоравувањето би требало да трае од четири до осум недели, и е под знак прашалник настапот на 23-годишниот играч на стартот од УЕФА Лигата на нациите.

Тоа, секако е аларм и во редовите на белгискиот клуб кој по се изгледа ќе бара нов одбранбен играч во летниот период.

Да потсетиме, Македонија предводена од селекторот Игор Ангеловски преку новоформираното натпреварување има добра шанса за прв пат во историјата да се најде на едно ЕУРО, во овој случај континенталниот собир во 2020. година.

Лига на нации/Лига Д

Распоред на натпревари во 2018. година:

6 септември: Гибралтар – Македонија
9 септември: Македонија – Ерменија
13 октомври: Македонија – Лихтенштајн
16 октомври: Ерменија – Македонија
16 ноември: Лихтенштајн – Македонија
19 ноември: Македонија – Гибралтар

Најново во Фудбал