МАКЕДОНСКАТА НАДЕЖ ВЕДНАШ ПРОНАЈДЕ КЛУБ

Потврдено: Секулов е нов голман на Про Пјаченца (Фото)

Како што и ни најави ексклузивно во изминатиот период, Мите Секулов доби нов предизвик.

објавено: 20 јули 2018 - 20:13

Досегашниот чувар на мрежата на Јувентус денеска беше промовиран како играч на Про Пјаченца.

Фактички се враќа во клубот од каде што отиде во редовите на „Старата дама", но сега во сениорскиот прв тим кој што настапува во серија Ц.

„Среќен што сум дел од ова семејство. Нов чекор, сезона 2018-2019", се зборовите на Мите Секулов.

Секулов, поранешниот македонски репрезентативец до 16. и 17. години претходно беше на позајмица во екипите на Карпи У17 и Виченца У19.

Најново во Фудбал