ПОСЛЕ ГЛАСАЊЕТО ВО КЛУБОТ

Попов е новиот капитен на Вардар

Искусниот одбранбен играч и поранешен репрезентативец на Македонија ќе ја носи капитенската лента на „црвено-црните".

објавено: 20 јуни 2018 - 10:15

33-годишниот лев бек Горан Попов беше одбран после гласањето во клубот, а негов заменик ќе биде Ерменецот Тигран Барсегјан.

Досегашните капитени Бобан Грнчаров и Никола Глигоров не се повеќе дел од нашиот најтрофеен клуб.

Денеска од 18:00 часот избраниците на тренерот Бабунски ќе го имаат вториот „тест" на подготовките во Словенија против Домжале.

Најново во Фудбал