прилепчани го засилуваат нападот

Победа донесе напаѓач Американец

Кирјан Нвабуезе е играч кој во минатата сезона го носеше дресот на тимот на Горица во Словенија

објавено: 30 јули 2018 - 13:35

Прилепска победа го пронајде потребното засилување во нападот. Во градот под Марковите Купи пристигнува Американецот од африканско потекло Кирјан Нвабуезе. Робусниот напаѓач е понуден преку менаџерските агнеции на Победа и тој многу веројатно ќе биде решението за проблемите на прилепчани, откако начелно се согласил да ја засили Победа.

Нвабуезе има потекло од Нигерија но има Американско државјанство. Како младинец има настапувано во САД, а потоа и за екипата на Лос Анџелес Мишинерс, а бил дел и од екипите на Банантс, и Арарат Ереван, како и тимот на Ширак. Последна негова дестинација од каде што и ќе пристигне во тимот на Победа е словенечниот тим на Горица, каде што за една полусезона на девет меча постигнал пет гола.

Најново во Фудбал