ДОАЃА ОД РЕДОВИТЕ НА ФК ПЛАЧКОВИЦА

„Пикси“ е новото засилување на Каменица Саса

ФК Каменица Саса посветено работи на тоа да ја има најуспешната фудбалска сезона во последните 15. години, говори и фактот дека се обрнува особено внимание на засилувањето на тимот.

објавено: 26 јули 2018 - 10:30

Како прво официјално и според досега прикажаното, големо засилување на ФК Каменица Саса е Бојан Иванов кој доаѓа од ФК Плачковица.

Новиот фудбалер на ФК Каменица Саса кој по потекло е од Пробиштип одигра четири натпревари за клубот и како што информираат од клубот за овој фудбалер има само комплименти.

Како што го нарекуваат „Пикси", забележа три асистенции и постигна еден гол. Станува збор за поранешен фудбалер на ФК Работнички (младинци), Македонија Ѓорче Петров, Академија Пандев, Брегалница Штип и ФК Плачковица.

Најново во Фудбал