ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ ГО „СНИМИ“ НАЈТРОФЕЈНИОТ КЛУБ

Петре Шилегов на тренинг на Вардар, Самсоненко останува во клубот!

Како што дознаваме Градот Скопје од новиот буџет треба да одвои минимум два милиони евра за нормално функционирање 

објавено: 25 јули 2018 - 11:52

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска беше на тренинг на Вардар, каде ја „сними“ ситуацијата во најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, дознава „Спорт“. На првиот човек на град Скопје му било сугерирано дека годишниот буџет за функционирање на клубот треба да изнесува два милиони евра.

Засега прв човек на Вардар останува рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, кој во февруари треба да ја комплетира петата година од неговото доаѓање. Самсоненко се обврза дека ќе го води клубот 10 години и тоа со минимален буџет од 1,5 милиони евра.

Градот Скопје засега нема пари во буџетот за да го превземе Вардар, што значи дека ќе се чека изгласување на буџетската сметка за 2019 година, кога ќе треба да се види дали градоначалникот Шилегов ќе успее да одвои 1,5 милиони евра и да го превземе работењето во Вардар.

Додека се чека оваа одлука од Градот Скопје, газдата Самсоненко во следниот период треба да го расчисти „дворот“ од управата и оние кои до сега работеа во клубот кој неодамна доживеа вистински дебакл на меѓународна сцена и беше елиминиран уште во првото коло од квалификациите на Лигата на Европа, од ерменски Пјуник.

Најново во Фудбал