МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛЕР СЕ ЧУВСТВУВА ДОБРО И БЕЗБЕДНО

Пандев: Секој ден поминував на тој мост во Џенова...!

Информациите велат дека 20 лица загинати на 100 метри високиот мост Моранди во близина на Џенова, што се наоѓа на главниот пат што ги поврзува Италија и Франција.

објавено: 14 август 2018 - 20:30

Македонскиот фудбалер Горан Пандев кој настапува за италијанскиот фудбалски клуб е шокиран од сиот настан и со трогателна порака ја опиша ваквата голема трагедија.

„Секој ден поминував на тој мост во Џенова за на тренинг.  Откажан ни беше утринскиот тренинг, ако имавме ќе поминевме на мостот во фаталниот период. ", се зборовите на Пандев за „Спортмедиа".

 Во овој ден на голема тага, Џенова е повеќе од кога било во неговото срце...

Соиграчот на Пандев, Кришито бил многу потресен, тој бил на 10. минути пред да се урне мостот. Тој додал дека не е можно да се урне туку така и потребна е безбедност за сите.

Сите познати италијански фудбалски имиња се исто така шокирани и изразуваат сочувство кон фамилиите на загинатите.

Најново во Фудбал