ТРЕНЕРОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК ПОСЛЕ ПОРАЗОТ НА ФИЛИП ВТОРИ

Османи: Пресуди првиот меч, ќе водиме рамноправна борба со Розенборг за ЛЕ!!

Шкендија веќе се насочува кон следниот евро-предизвик, Салцбург беше пресилен барем во првите 90. минути, вечерва и покрај новиот пораз, македонскиот шампион се покажа во многу подобро издание во однос на мечот во Австрија.

објавено: 14 август 2018 - 22:58

Што се однесува до вечерашниот меч, стратегот на тетовските „црвено-црни" признава дека резултатот од првиот дуел си го направи своето.

„Двомечот со Салцбург го реши првиот натпревар, тие 3:0 беа пресудни. Ние во моменти игравме добро, имавме неколку добри шанси и треба да бидеме задоволни од играта. Розенборг (можниот ривал во плеј-офот на Лига Европа) е квалитна екипа. Шкендија рамноправно ќе се бори со Норвежаните за групна фаза за ЛЕ. Бојку и со Вардар и со Салцбург ни даде свежина. На наредниот меч ќе биде стартер", изјави тренерот на ФК Шкендија, Ќатип Османи на денешната прес-конференција после мечот.

Потоа, тренерот на македонскиот шампион додаде што треба да се направи за да се обезбеди пласман во групна фаза од Лига на шампиони.

„Потребни ни се квалитетни екипи. Не само Шкендија и Вардар, треба поголеми инвестиции, како и инфраструктура. Вака тешко некоја наша екипа ќе избори пласман во групи на ЛШ".

Најново во Фудбал