НОВ ИГРАЧ ВО „ЗЕЛЕНО-ЦРНИОТ“ ДРЕС

Официјализирано е второто засилување на Каменица Саса

Станува збор за младиот Дени Стоименов кој ќе ги брани боите на второлигашот оваа сезона.

објавено: 4 август 2018 - 13:33

„Зелено-црниот" дрес оваа сезона ќе го носи младиот 18 годишен фудбалер, кој имаше прекрасни настапи во подготвителниот период и беше стрелец на еден гол, а беше направен и пенал врз него.

Доаѓа после настапите за ФК Вардар (младинци) и ФК Борец и ФК Македонија Ѓорче Петров (сениори).

Претходно како прво засилување во редовите на ФК Каменица Саса беше промовиран Бојан Иванов - „Пикси" кој дојде од екипата на ФК Плачковица.

Најново во Фудбал