ШТО ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ИЛЧО ЃОРЃИОСКИ

НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФФМ - „АНГЛИСКА КРАЛИЦА“!

Заврши ерата на Илчо, сега на ред е некој друг кој ќе седне на најпосакуваната фотелја во Македонија. Сепак стравуваме дека тој новиот, барем во прво време, да не биде само „англиска кралица"

објавено: 22 јули 2018 - 10:11

И дефинитивно готово е. Илчо Ѓорѓиоски, по цели шест години на местото претседател на Фудбалската Федерација на Македонија, си поднесе оставка и е на пат кон седиштето на УЕФА, каде што ќе ја продожи својата кариера како функционер.

Сега веќе екс претседателот на ФФМ јавно, со порака преку официјалниот сајт на Федерацијата, се прости од мак - фудбалот.

И додаде дека и од УЕФА ќе се обиде да даде придонес во развојот на мак - фудбалот. Како што и досега тоа го правел.

И тоа е тоа. Илчо не е веќе на чело на ФФМ, нема да биде веќе „прозиван" од своите „непријатели" за се она што не им се допаѓа.

По таа оставка, по заминувањето на Илчо, сега доаѓаме до прашањето кој ќе биде неговиот наследник, кој ќе седне на најпрестижната и веројатно најпосакувана фотелја во Македонија.

Има многу кандидати, малку се прстите на една рака да се набројат. Во овие изминати шест години тие се намножија, секој што и малку значи во мак - фудбалот како да пројавува желба да биде наследникот на Ѓорѓиоски, да биде како Љубисав Иванов - Ѕинго, Ламбе Арнаудов, Харалампие Хаџи - Ристески и Илчо Ѓорѓиоски.

УО ТРЕБА САМ ДА СЕ РАЗРЕШИ!!!

Во повеќе наврати споменувавме кои се тие кандидати за новиот претседател на ФФМ, но малку кој напишал, кажал или претпоставил што го очекува тој новиот.
Е па да не си му во кожа. Веднаш да кажеме, дека постои голема опасност за него тој да биде или да се чуствува како „Англиска кралица", барем во прво време.
А зошто го велиме тоа?

Е па, вака одат работите. По заминувањето на Илчо, сега главна е тричлената комисија во која се Мухамед Сејдини, Светозар Станковски и Дарко Димовски. Тоа е таа тројка која сега ќе раководи со ФФМ. Таа ќе има задача да запази сите процедури околу организирањето на новото Собрание. Таа треба да му предложи на УО а тој треба да каже кога тоа ќе биде.

И сега доаѓаме до главното. Новиот претседател ќе биде избран од Собранието. И тој ќе се седне на таа најпрестижна фотелја. Но Управниот одбор нема да се менува, тој новиот ќе треба да работи со сите оние кои и сега се членови на раководното или највисокот тело во Федерацијата. Само „главата" ќе се смени, со оглед на тоа дека тоа ново Собрание ќе биде вонредно и нема да се „чепка" во изборот на новиот УО.
Или пак постои и друга варијанта. А таа е тој сегашниот УО самиот да се смени, самиот да даде оставка како што тоа го стори Ѓорѓиоски.

А тоа, секако дека сите знаеме, нема да се случи. Од ова произлегува дека новиот претседател, кој и да е, ќе мора да ја води фудбалската полика со оние луѓе кои му беа верни на Ѓорѓиоски и кои со него соработуваа. И така ќе биде најдоцна до 2021 година, кога треба да се избере нов УО, во нов состав.

Најново во Фудбал