НА ДУЕЛОТ ВО МАВРОВО ПРОТИВ ТИКВЕШ

Нешовски за победа на Силекс

Стрелец на победничкиот гол за прволигашот беше Ненад Нешовски во 32. минута од средбата.

објавено: 23 јули 2018 - 20:26

Нов успешен тест во летните подготовки за тимот од Кратово во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

На стадионот Маврово, екипата на Силекс со минимален резултат 1:0 го совлада второлигашкиот тим на Тиквеш.

Претходно избраниците на тренерот Жикица Тасевски одиграа нерешено со Кит Го во Пехчево, со 2:0 беа подобри од Гостивар, го преслушаа со истиот резултат новиот второлигаш Генч Калемлер, а минимален триумф имаа над Кораб.

Најново во Фудбал